Најмалку еден ред во секоја листа треба да биде избран за да се прикаже резултат за секоја варијабла. Кога сакате да видите една или неколку варијабли, обележете ги само нив.
За да го откажете обележувањето, притиснете го копчето CTRL и кликнете со левото копче од глувчето на текстот.
За да ги изберете сите линии во листата:
Обележете ја првата линија во листата. Потоа, притиснете ги копчињата SHIFT и END истовремено.
За да изберете/откажете обележана линија во листата:
Притиснете го копчето CTRL и истовремено кликнете со левото копче од глувчето на избраната линија.
За да изберете повеќе од една линија во листата:
Обележете линии во низа со држење на левото копче од глувчето и повлечете го преку саканите линии.
Или, обележете ја првата линија на вашата листа и потоа притиснете го копчето SHIFT истовремено со притискање на стрелките нагоре или надолу на тастатурата.
За да обележите линии што не се во низа, држете го копчето CTRL и истовремено кликнете со левото копче од глувчето на саканите линии.
За да пребарате одредена вредност во листата:
Обележете ја првата линија во листата. Потоа, напишете ја првата буква од бараната вредност.
Доколку не ја најдете вистинската вредност, пробајте повторно да ја внесете буквата додека не ја пронајдете.
Или користете ги стрелките нагоре или надолу или тркалцето на глувчето за дополнително пребарување.